Monika Zec Audio Blog

Advertise on podcast: Monika Zec Audio Blog

This podcast has
18 episodes
Language
Publisher
Explicit
No
Date created
2020/11/23
Average duration
48 min.
Release period
95 days

Description

Здраво и добредојде на Моника Зец аудио блогот.Благодарна сум што си тука!На овој блог ќе може да ги слушнеш моите секојдневни приказни, патувањето низ мајчинството, како и за личниот и бизнис развој.Се надевам дека со сите нив ќе те инспирирам да станеш твоја најдобра верзија. Да научиш нешто ново. Да го откриеш целиот твој потенцијал, со цел да имаш многу подобар и посреќен живот. Со љубов, Мони!

Podcast episodes

Check latest episodes from Monika Zec Audio Blog podcast


Постпартум втор дел
2024/01/18
Добредојдовте во новата епизода, прва за оваа 2024!  Оваа епизода е продолжение на претходната, но овој пат повеќе зборувам за оние работи кои јас би сакала да ги знам во однос на бебето за тој четврт триместар. Комуникација, како клучот за било кој однос за мене играше огромна улога во градење на таа конекција со моите деца. А комуникацијата со мало бебе е најтешкото нешто, барем за мене како мајка, зошто бебињата се целосно невербални суштества, и еднинствен начин за комуникација им е плачот и body langage. Овие две видеа за мене беа од многу голема помош кога се работи за комуникација: 1. https://www.youtube.com/watch?v=a4WGVOzTR4A&t=349s 2. https://www.youtube.com/watch?v=_P4Kjh-GX3c&t=5s Адаптацијата кај бебињата игра голема улога во целиот процес. Доста често мајките не се свесни дека на бебињата им треба време да го запознаат светот околу нив. Они живееле во утробата на мајката речиси цели 10 месеци и одеднаш очекуваме дека се ќе оди глатко, а тоа често не е така. Јас верувам дека најдобриот начин на исхрана кај секое новороденче е доењето. Овој процес е еден од најдобрите процеси и за бебето и за мајката. Бенефитите од доењето се безброј и тоа е приказна за себе. Но она што доста често гледам и по себе и по другите дека се случува е многу наивно да му пристапиме за доењето, а доста често ни треба стручна помош. Повелете два линка од две прекрасни жени кои верувам можат многу да ве научат кога станува збор доење https://www.instagram.com/doenje_so_ljubov/https://www.instagram.com/jasnic_80/Спиење. Ова за мене беше и секогаш ќе остане една од најголемите и најтешките проблематики со кои се соочив како мајка за прв пат. И ова е уште една од оние работи на кои многу ама многу наивно му пристапуваме, а игра ОГРОМНА улога во многу аспекти на детето. Не само на детето туку и кај мајката и кај целото семејство. Ова е мојата прва епизода за доење, која доколку ја немате слушнато ви препорачувам да ја ислушате.  https://monikazec.blog/2021/02/нашата-приказна-за-спиењето/ И за крај зборувам за времето поминато надвор и околината кои многу знаат да влијаат врз тоа каква мајка сме ние и во каква мајка се градиме.
more
Постпартум и пораѓај
2023/12/15
Постпартумот е еден период од животот на секоја жена кој е доста често изоставен. Многу често не ни зборуваме за ова четврто тромесечје низ кое секоја жена, мајка поминува. Сите главен акцент му даваат на бебето, а доста често се заборава на мајката.  Јас верувам дека е многу важно да се зборува на оваа тема, сѐ со цел жената да е посвесна што е она што следи и што да очекува, и да знае дека сите тие процеси низ кои минува се многу нормална појава за секоја мајка. Често, благодарение на социјалните медиуми имаме една замисла за мајчинството и како целиот тој период изгледа, но кога ќе се соочиме со реалноста често сфаќаме дека не е се така розово како што сме очекувале.  Но баш тоа шаренило е она кое ќе не доведе до поголема зрелост, ќе не направи да бидеме онаа мајка што на нашето дете му е потребна.
more
Улогата на односот со себе
2023/10/25
Интро во новата сезона
2023/09/27
Една за родителство
2022/03/25
Родителството за мене лично беше најголемиот повик за раст и развој. Родитеството за мене е една од најголемите улоги кои јас можев да ги добијам во мојот живот. Улога која ме натера да се преиспитам колку знам и колку всушност не знам. Улога кога ми кажа дека е време за промени, време за превземање на одговорност и константо работење да бидам подобра личност. Родитеството ме натера да согледам што се граници, што всушност се навики, рутини и колку голема улога имаат тие во животот на едно дете, но и во мојот живот. Во животот на нашето семејство.  Во оваа епизода ги споделувам моите ставови и принципи во кои јас верувам како родител. Потребата на оваа епизода е да го споделам она во кое јас верувам, оние мои ставови, се со цел да дадам поинаква перспектива на целиот овој процес којшто за мене е најубавото нешто за кое сум благодарна што можам да го уживам. Граници, едукација, работа на себе, искрена комуникација, игра се едни од основите принципи во кои јас силно верувам како родител и максимално се трудам да се држам до нив. Се надевам дека оваа епизода ќе ви даде нови видици за родителството.  Имајте прекрасен ден М
more
Значењето на личните граници со Елена Џебр
2022/03/09
Улогата на личните границите е клучна во сечиј живот, и истите имаат големо влијание врз нашата среќа и квалитетот на животот. За жал живееме во општество каде што секојдневно се соочуваме со преминување на тие наши лични границите и некако сме навикнати дека тоа е во ред, а всушност не сме ни свесни колку не е. Живееме во опшество каде постои патерн на однесување и тоа се пренесува од генерации на генерации, но за среќа денес благодарение на сите информации и податоци можеме заедно да ја подигнеме свеноста на повисоко ниво и можеме да ги прекинеме тие циклуси и воедно да жимееме онаков живот каков што сакаме. Мораме да поставиме граници како другиот би видел дека постоиме и не би се удриле во нас, е нешто што Елена го кажа во оваа епизода кое мислам дека резонира со целата поента на овој наш разговор. Се надевам дека ако барем ќе ве потикнеме да размислувате како можете да си ги подобрите вашите граници пред се со себеси па после со другите. Убав ден М Ова е линкот од епизодата на Елена за бенефитите од водење дневник https://spoti.fi/3vVEdQO 
more
Нашите мисли се нашата среќа
2022/02/10
The only things making you unhappy are your thoughts.  Уште една лекција која животот ми ја наметна е колку моите мисли се тесно поврзани со мојата мојата среќа и среќата на моите најблиски. Во моментот кога ќе сфатите дека решението на сите проблеми се вашите мисли ќе сфатите колку голема контрола имате врз многу работи, вклучувајќи ја и вашата среќа. Проблемот не е во проблемот, туку во вашето размислување.  Променете го начинот на вашето размислување и со тоа ќе го промените и квалитето на вашиот живот. Вашите мисли ја создаваат вашата реалност. 
more
Улогата на самостојната игра во развојот кај децата но и кај целото семејството со Марија Илкоска
2021/11/10
Оваа недела мој гостин е Марија Илкоска, или повеќе позната по профилот развој низ игра на инстаграм. Специјален едукатор и рехабилитатор за деца, меѓутоа пред се една феноменална мајка на две мали деца. Оваа недела со Марија разговараме на тема родителство и улогата на родителот во животот на децата. Разговараме на заеднички теми се со цел да ја подигнеме свесноста кај родителите, кај мајките. Но исто така разговараме и на тема самостоја игра кај децата и нејзината огромна улога во растот и развојот кај едно дете. Нешто со кое што Марија доста актуелно се занимава во последно време и има и свој курс на оваа тема. Па послушајте го нашиот разговор.
more
Нова сезона нови почетоци
2021/09/29
Нова сезона нови почетоци! Со доаѓањето на есента за мене лично ова е време за нови почетоци. Време е да ги отфрлам сите оние работи коишто не ми служат и да направам место за се она ново што треба да дојде. Превземање на одговорноста за самите нас и будење на свесноста како примарни фактори за било каков почеток се едни од основните алати за креирање на тој позитивен mindset и за култивирање на истиот.  Во моментот кога ќе сфатите дека вие имате право да одберете поинаку секој ден, тогаш ќе сфатите колку всушност животот може да биде убав. Вие ја имате таа можност секој ден да одберете да се чувстувате поинаку. Да одберете на што го трошите вашето време, вашата енергија, вашите емоции. Да одберете како ќе живеете во секоја ситуација, секој момент, секој ден. Зошто секој заслужува да живее живот каков што сака, исполнет и среќен. Ви благодарам многу. Имајте прекрасен ден. М
more
Baby Led Weaning со мајката Ката
2021/06/03
Во нашата земја сметам дека постои огромен проблем со децата и храната и е нужно потребно се повеќе и повеќе да се зборува на оваа тема се со цел да се едуцираат се повеќе и повеќе мајки. Ова е еден од оние проблеми коишто е клучно да се решат според мене за доброто на детето, а и на мајката. Сметам дека не е хумано и не е фер мајката секој ден да поминува низ толку голем стрес и грижа дали детето е јадено или не. Но според моето искуство главен причинител за овој проблем е стравот, стравот од непознатото, имагинарниот страв. Имено ние мајките мислам дека сме професионалци кога станува збор за замислување на најлошото сценарио за нашите деца 😊 и што се лошо може да се случи, а да бидеме искрени ништо од тоа не се случува речиси никогаш. Затоа и главен аспект на оваа епизода е целиот тој страв и како постепено да се премине од блендирана кон поцврста храна. Затоа се надевам дека преку оваа епизода ќе можеме да ве охрабриме, да ви кажеме што е она што се случува позади целиот тој процес, се со цел да се соочите со тој страв и да го надминета истиот. Зашто ако едно нешто сфатив, тоа е дека апсолутно не е фер мојот страв да и го наметнувам на ќерка ми. Не е фер поради мојот страв она да не расте и се развива соодветно како што она сака. И запомнете, ова мислам дека е најбитно од се, многу е полесно да се надмине било каков проблем додека детето е помало отколку кога детето ќе порасне. Затоа што, што порано се реши проблемот тоа полесно 😊. Игнорирање само ја продлабочува тежината на истиот.
more
Приказната позади Kids&Co и сите оние фактори коишто влијаат врз развојот на брендот
2021/05/05
Оваа епизода е повеќе неменета за бизис аспектот на мојот живот, и што точно значи една мајка денес да води свој сопствен мал бизис. Можеби навидум тоа изгледа доста лесно и едноставно, но водењето на свој сопствен бизнис, додека покрај себе имате едни мали рачиња зафатени околу вас, може да е голем предизвик и бара огромна борба, посветеност, самодисциплина и упорност. Но доколку човек го работи она што го сака, она што го исполнува и прави среќен, јас лично мислам дека тоа е таа сила што ги движи работите напред. Тоа е таа сила што не храни и ни ја дава целата енергија да продолжиме да го правиме она што сакаме да го правиме, да продолжиме вистински да го живееме нашиот живот онака како што сакаме. Во оваа епизода ќе ја слушнете мојата приказна за настанувањето на Kids&Co инспирирана од мајчинството. Ќе ја слушнете мисијата и визијата на самиот бренд. Но исто така ќе ги слушнете сите оние фактори коишто за мене се клучни да ги практикувам на дневно ниво, се со цел овој мал бизнис да расте и се развива и оди напред, како што се организација, упорност, труд и други. Тука можете да го најдете линкот од епизодата за организација. Тука можете да го најдете линкот од епизодата за спиење. Тука можете да го најдете линкот од епизодата на Луција и Јована
more
Навики и рутини кои го менуваат животот
2021/03/18
Јас премногу верувам дека животот е во малите нешта, поточно во малите навики. Како ги поминувате вашите утра, како зборувате самите со себе, што е она што го јадете или можеби читате. Со кого и на што го трошите вашето време и вашата енергија директно има влијание врз квалитетот на вашиот живот. Тоа се работите што го менуваат вашиот живот.  Нашите секојдневни навики и рутини го обликуваат секој аспект од нашите животи. Ако сакате промена, менувањето дури на една мала работа во вашето секојдневие може да направи огромна разлика. Имено тоа се случи со мене. Тоа беше почетокот на целата моја трансформација. Моментот кога ги освестив моите навики и сфатив како тие влијаат, или не влијаат, не само врз мојот живот туку и врз животот на моите најблиски. Во оваа епизода ги споделувам сите оние активности коишто јас почнав да ги применувам, и како создавањето на утринска рутина буквално го промени и сеуште го менува мојот живот кон подобро. Нашите навики не само што не' обликуваат нас, туку тие ги формираат и оние кои растат покрај нас. Зашто нашите најмали секогаш не' гледаат, секогаш учат од нас.  Ако не можете да мислите на себе или да го правите ова за вас, тогаш направете го тоа за нив. 
more

Podcast reviews

Read Monika Zec Audio Blog podcast reviews


0 out of 5
0 reviews

Podcast sponsorship advertising

Start advertising on Monika Zec Audio Blog & sponsor relevant audience podcasts


What do you want to promote?

Ad Format

Campaign Budget

Business Details