#комкаст - media and marketing podcast

Advertise on podcast: #комкаст - media and marketing podcast

Rating
5
from
3 reviews
Country
This podcast has
42 episodes
Language
Publisher
Explicit
No
Date created
2011/03/15
Average duration
39 min.
Release period
28 days

Description

Поткаст за маркетинг, нови медиуми, дигитална трансформација и дигитална култура. Поткастот е дел од блогот komunikacii.net, креиран во 2005 година. Зад блогот стојат Дарко Булдиоски, Сеад Џигал, Наталија Стефановска, Мите Кузевски а од пред некоја година и целиот тим на маркетинг агенцијата NewMediaMK. #комкаст започна како аудио издание во 2011 година кое беше емитувано и на РадиоМОФ. Во својата историја полна со паузи го менуваше својот формат и своите домаќини, но секогаш остана верен на своите теми. Сите епизоди се достапни на https://komunikacii.net/category/komkast

Podcast episodes

Check latest episodes from #комкаст - media and marketing podcast podcast


#комкаст 114 - Бизнис транформација е дигитална трансформација - Петар Ниновски и Душан Марковиќ
2022/03/17
Во оваа епизода зборуваме со Петар Ниновски од Brainster и Душан Марковиќ од Maliqi Group. Секој со искуство во својата индустрија, Петар во неформално образовани, Душан со угостителство и дистрибуција зборуваа со кои предизвици тие се соочувале во процесот на трансфорамција во компаниите во кои делуваат.
more
Луѓе (HR) и дигитална трансформација со Ивана Дојчиновска Стојановиќ - #комкаст 113
2022/02/24
Кога зборуваме за дигитална трансформација често напоменуваме дека луѓето во оранизацијата се клучен фактор за успешната трансформација.   Токму за процесите на промена внатре во компанијата, за развојот и одржувањето на организациската култура и секако за развојот на кариерните патишта во оваа епизода на #комкаст зборуваме со Ивана Дојчиновска Стојановиќ
more
5G и дигитална трансфорамција - #комкаст 112
2022/02/03
Во седмата по ред епизода на #комкаст посветена на дигиталната трансфорамција зборуваме за 5G како технологија. Со Маја Милосавлевска Наумовска од А1 Македонија дискутираме за митовите поврзани со 5G, за карактеристиките и предностите на самата технологија но најмногу за можностите кои таа ги отвара во поглед на развој на голем број нови услуги и сервиси во различни индустрии. 
more
5 митови за дигитална трансформација - #комкаст 111
2022/01/27
Во шестата последователна комкаст епизода посеветена на дигиталната трансформација изнесуваме на виделина неколку помалку и повеќе очиглени митови поврзани се разбира со дигиталната трансформација.    Секако, штом се митови значи дека се побиени и дека не се точни тврдењата, но и покрај тоа нив одново и одново ги сретнуваме во секојдневната работа. Токму затоа има потреба одново и одново да се повторуваат и да се посочуваат за да може да се очекува соодветна промена.
more
Дигитално лидерство со Иван Скендер - #комкаст 110
2021/12/23
Иван Скендер е човекот одоговорен за спроведување на дигиталната трансформација во А1 Македонија и А1 Хрватска. Разговаравме за предизвиците, искуствата, препреките со кои се соочуваат но и за методите и пристапот во трансфорамцијата. Допревме малку технологија, малку HR или човечки односи, малку agile менаџмент... и ред други теми.
more
За гејминг со Гораст Цветковски - #комкаст 109
2021/12/16
А за што друго би зборувал со Гораст ако не за гејминг и Game Fest и целата култура и трансформација која низ годините наназад се случува. Зборувавме за лични перцепции и искуства, за влијанието на оваа култура на остатаниот дел од опкружување и на крај секако малку и за децата и играњето, неизбежно беше.
more
Data science со Мартина Наумовска - #комкаст 108
2021/12/10
Уште во воведната епизода на серијалов посветен на дигитална транфорамција зборував колку е важен стратешкиот пристап кон собирање и управување со податоците. Во денешната епизода со Мартина Наумовска зборуваме токму за улогата на податоците во рамки на самата трансформација на работењето на една организација. Мартина е првата жена Data Scientist која влегла во претприемачките води во Македонија, еден од основачите на Data Masters и Data Masters академијата.
more
Грижа за корисници со Борче Ѓорѓески - #комкаст 107
2021/12/02
Како е да се биде од другата страна, кога корисникот бара да му се посвети внимание или реши проблем? Како се менуваа каналите за комуникација со корисниците, колку време е дозволено за решавање на проблем, како е да те замени вештачка интелигенција, што не може да работи робот? На овие и многу други прашања одговара Борче Ѓорѓески од А1 Македонија, човекот кој, најверојатно, има подебела кожа од сите нас заедно...
more
Што е дигитална трансформација? - #комкаст 106
2021/11/25
Најавивме серија на епизоди кои ќе бидат посветени на дигиталната трансформација, ама ред е за почеток да се обидеме да дадеме вовед, дефиниции, рамки за да знаеме за што зборуваме. Во првата епизода од овој серијал се обидувам да ги врзам кафанските муабети со серзиони теми кои секако не се неспоиви, ама си носат свој предизвик. Во воведната епизода ќе слушнете: дефиниции за дигитална трансформaција, основни елементи на дигитална трансформација фази на трансформација фокус на коринсикот и корисничкото искуство зошто дигиталните маркетери се мешаат во дигитална трансфорамција
more
Најава: Дигитална трансформација
2021/11/22
Пред неколку месеци со А1 Македонија започнавме убав муабет околу подкасти, локална понуда и сл. и после неколку (онлајн) состаноци и меилови... работите станаа поконкнретни. Се интензивираа работите и конечно денес ја имам честа да ја најавам новата сезона (иако напуштивме броење на сезони пред две години па затоа некаде може и ќе ја викам серија) на #комкаст. Одлуката околу содржината беше прилично лесна. Дигитална трансформација. Долги години сме активен дел од неа, од повеќе страни а тоа е и тема со која А1 Македонија можеше многу лесно да се поврзе, ќе слушнете во некои од епизодите и зошто. Тоа е, #комкаст, партнерски со А1 Македонија, 10 нови епизоди, скеој четврток. Од сега па до февруари 2022. Повеќе детали во најавата и прва епизода во четврток на твојата омилена аудио платформа, YouTube или тука на блог.
more
За SEO со Бранко Илишев - #комкаст 105
2021/07/01
Бранко е ко-основач главен и одговорен за SEO делот во агенцијата SmartClick. Бранко ми е еден од „тајните” извори за добри SEO дискусии и линкови. Подолго време се договараме да снимаме епизода и конечно успевме да се погодиме и да продискутираме за: развој на кариера во SEO потребите на глобалните пазари и специјализација профили на SEO експерти Core Web Vitals Локалната SEO сцена, ако може така да се нарече :)
more
#комкаст 104 - за развој на кариера во „дигитал” со Иван Димитров
2021/05/23
Кога ќе се обидеш да размениш искуство пред камера со некој кој, ако не повеќе барем, еднакво зборува како мене не е лесен предизвик. Се обидувавме со Ико долго време да најдеме поконкретна тема за муабет за да не си се жалиме само јавно, тоа секако го правиме често... Еден негов статус за потррага по нов вработен во Групер ме инспирираше да ја отворам темата за вработување, градењеи пронаоѓање на соодветен кадар за работа во нашва индустрија т.е. дигитален маркетинг. Ако ја слушнеш, или гледаш епизодава ќе слушнеш за различни искуства за пристап на работодавачи, вработени, менаџери и сл. во поглед на развојот на кариерниот пат на дигиталците. Фокусот е на локалната ситуација и предизвици кои постојат од двете страни. Се обидовме да ги согледаме сите акспекти на темата, објективно. Успеавме ли добро да ја отвориме темата?
more

Podcast reviews

Read #комкаст - media and marketing podcast podcast reviews


5 out of 5
3 reviews
danieljanev 2012/04/22
единствени
Најдоброто од Македонија!
kirev 2011/07/08
Топ!
Само напред
check all reviews on aple podcasts

Podcast sponsorship advertising

Start advertising on #комкаст - media and marketing podcast & sponsor relevant audience podcasts


What do you want to promote?

Ad Format

Campaign Budget

Business Details